СДСМ: Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Сиљановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување?

Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Сљјановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: Која е цената и кој ги земал парите за ова помилување?

Откако вчера ослободениот нарко бос јавно и се заблагодари на Сиљановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување прашуваат од СДСМ.

– Прашањето е: што и должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко-кланот „Барон“, и какви услуги им враќаат? Откако Сиљановска вчера се заплетка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калајџиев дека комисијата само дава мислење, а претседателката е таа што помилува, денес е должна да излезе заедно со Мицкоски и да објаснат што е позадината на овој скандал. Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во глувчешка дупка, да каже каква е неговата улога во целиот скандал и да не молчи. Правната држава денес е погребана, а правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска важи само за нарко-картели и лица од подземјето. Безбедносната ситуација е сериозно нарушена, улиците се небезбедни и, згора на сè, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска пуштаат криминалци и нарко-дилери на слобода. Македонија станува опасно место за живеење, а граѓаните се плашат за својата безбедност благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.

Калајџиев: Комисијата за помилување дава само мислење, претседателката може да го промени

Давкова за помилувањата: Личностите се навистина интересни во негативна смисла, сега го гледам тоа