СДСМ: Намалени цени на лебот

„Владата предводена од СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски во време на најголемата светска енергетска и економска криза, носи навремени и ефикасни мерки, за справување со последиците од кризата.

Помошта кон домашните компании ги даваат и првите конкретни резултати.

Веќе може да се забележи намалување на цените на лебот, кои повторно се враќаат на околу 30 денари.

Овие цени дополнително ќе се намалуваат и со последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи.

Со оваа мерка се опфатени околу 200 компании од прехранбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителни станици, за кои до крајот на април Владата обезбедува пониска, фиксна цена на електричната енергија.

Поевтината струја ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Истовремено продолжува субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании.

Со СДСМ, како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и компаниите, во кризата никој нема да биде оставен сам“ соопштија денеска од владејачката СДСМ.