„Над 16.000 матуранти се во неизвесност заради политичката агенда на раководството на СОНК.
Од нив околу 10 отсто или околу 1.600 не го поминале првиот дел од државната матура и не можат да полагаат испити во јуни. Загрозени се и уписите на оние матуранти кои своето школување планираат да го продолжат во странство и сето тоа само заради уценувачкиот однос на раководството на СОНК.
Раководството на СОНК одби ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита за 12 отсто и тоа во време на светска економска и енергетска криза.
СДСМ во образованието во изминатите 3 години во три наврати ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто.
Уцените и политичкото делување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес.
Учениците мора да се вратат на наставата која толку им е потребна.
Правото на образование на децата е уставно загарантирано и не смее да се дозволи заради политичка агенда да им се загрозува“ се вели во денешното соопштение од владејачката СДСМ.