„Христијан Мицкоски ни во својот најлош кошмар не можеше да верува дека ќе му се случи вакво фијаско уште во првите недели од неговото владеење. Меѓу граѓаните владее огромно разочарување од политиките на ВМРО-ДПМНЕ во првите недели, а оние кои гласаа за Мицкоски и неговите шарени лаги се во шок“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат „ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласови од изборите до денес и ова Мицкоски добро го знае, па се обидува да претстави поинаква слика“.
„Под власта на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на оваа држава ќе живеат во лоши економски услови со ниски плати, во земја која е под целосно подаништво на друга држава, земја задолжена до гуша со пари од сомнително потекло. Денес Македонија е изгорена земја која изгуби 2% од територијата заради неспособноста на Мицкоски да се справи со пожарите. Под раководство на ВМРО-ДПМНЕ државата нема стратешки правец, со зацементирани и изгубени шанси за евроинтеграции, но и без јасна алтернатива. Секоја политика од изборите до денес на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на богатење на партијата, луксузирање, скапи подароци и создавање одлични услови за богатење на мал слој од општеството, наспроти огромно мнозинство граѓани кои ќе живеат во се полоши услови. ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека го изневери народот и дека ништо од тоа што вети на изборите нема да се реализира“ се вели во партиското соопштение.