
СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси
По квалификацијата на граѓаните на Македонија како „талог на општеството“ актуелниот премиер Мицкоски, во новогодишно интервју ја продолжува својата кампања на поделба на народот, нарекувајќи ги сите неистомисленици „медиокритети“, коментираат од опозициската СДСМ.
По квалификацијата на граѓаните на Македонија како „талог на општеството“ актуелниот премиер Мицкоски, во новогодишно интервју ја продолжува својата кампања на поделба на народот, нарекувајќи ги сите неистомисленици „медиокритети“, коментираат од опозициската СДСМ.
Од оваа партија сметаат дека, овој начин на обраќање кон граѓаните е преземен од моделот на Вучиќ и СНС во Србија кој доведе до целосна поделба и омраза во општеството. Целта беше предизвикување конфликти заради зачувување на власта. „Подели па владеј“!
Како што најавува Мицкоски во своето обраќање, кампањата за „мигранти“ не започнала од СДСМ, туку, наводно, била вклучена некаква странска сила. Деталите не ги сподели со јавноста (вели дека ги чува за подоцна, веројатно за почетокот на кампањата), но затоа ги споделил со својот близок, како што вели, загрижен пријател Орбан. Можеби и имаат причини за загриженост, особено Мицкоски, по изгласаниот и потпишан од претседателот на САД, Доналд Трамп – Закон за Западен Балкан, закон усвоен со посебен акцент на криминалот и корупцијата на Балканот.
Кога веќе зборуваме за тие „блиски“ пријатели, да не речеме деловни партнери, денес имавме можност да видиме како поминуваат тие таканаречени пријателства, како оние со блиските пријатели на Вучиќ – велат од СДСМ.
Блискоста на овие политичари ја поврзуваат и со денешната агресија на САД врз Мадуро, па велат „еден од тие блиски пријатели, претседателот на Венецуела, утринава беше цел на дејствија од страна на САД поради криминални активности поврзани со дрога. А Вучиќ само пред четири месеци најави блиска соработка со Мадуро“.
Мицкоски, пак, најавува соработка со, како што вели, блискиот пријател Виктор Орбан, кого ЕУ го обвинува за корупција по скандалот со имотот што се води на името на неговиот татко. Според сите анкети во Унгарија, Орбан се очекува да ги загуби изборите во април од опозицијата, потенцираат од СДСМ.
Во ваквиот пристап, обвинувања за вмешаност на други држави, заедно со усвојувањето Закони за обвинителството и судството кои токму сега се спроведуваат, СДСМ смета дека се со цел целосна контрола да ја оддалечат Македонија од европскиот пат.