„По објавувањето на црната листа на САД, на која се најде неговиот шеф Груевски, Христијан Мицкоски целосно се загуби“ – реагираат од владејачката СДСМ.
Според партијата, во време на најголема економска криза лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прави деструкции, блокади и по секоја цена врши партиско мотивирање на протести.
„Граѓаните не ги интересира себичната политичка желба на Мицкоски.
СДСМ е посветен на интересот на граѓаните и државата.
Пред нас е одговорна работа, справување со последиците од најголемата криза по Втората светска војна којашто Владата предводена од премиерот Ковачевски успешно ја спроведува.
„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно и нема да дозволи загубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да им направат штета на граѓаните“ – се вели во соопштението на социјалдемократите.