СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта!

Од СДСМ му реплицираат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва прогласи апсолутна победа на локалните избори, кои финишираа со денешното гласање во четири општини.

Од СДСМ му реплицираат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва прогласи апсолутна победа на локалните избори, кои финишираа со денешното гласање во четири општини.

Велат дека Мицкоски е во паника, бидејќи опозицијата освоила двојно повеќе гласови од власта!

-Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција вечерва да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии.

Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.

Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови, а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо, велат од СДСМ.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата, а СДСМ само во шест