СДСМ: Мицкоски да не бега – обвинети во „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ

„Обвинети во „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да не бега туку да одговори

Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинетите и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ и на кампањата на Данела Арсовска.

Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.

Мицкоски да не бега туку да одговори каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор и преку својот телохранител ги прикрил трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Никола Груевски правеше со плацовите на Водно?“ повторуваат од владејачката СДСМ.