„Наместо да побара истрага и јавно да повика на одговорност на сите вмешани во незаконски дејствија Христијан Мицкоски застана во одрбара на криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014. Во случајот Феникс 15 лица, меѓу кои и поранешни високи партиски функционери на ДПМНЕ се осомничени дека врз грбот на народот проневериле 57 милиони евра за 11 споменици во Скопје 2014“ соопштуваат од СДСМ.
Од партијата со став „цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација а народот го осиромашуваше само за да се богатат поединци од Белата палата“.
„Нема никаква промена во ДПМНЕ, единствената партија во Европа што има конфискуван имот за кој со судска пресуда е докажано дека е нелегално стекнат. Јавноста се уште очекува епилог од предметот Делчевски ниви каде се вмешани блиски соработници на Мицкоски. Во пратеничките редови на ДПМНЕ се уште се и обвинетите лица Игор Јанушев и Антонио Милошоски, за чии предмети исто така се очекува епилог“ велат од владејачката партија.