СДСМ: Инфлацијата го изеде стандардот, дебакл во економијата

Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани имаат и земји во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53% и така натаму“, рече на прес-конференција потпретседателката на партијата Кристина Костова.

Опозициската СДСМ денеска оцени дека се случува тотален дебакл на економски план и дека економската политика на владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Инфлацијата е 3,3 отсто.

„Сѐ е поскапено. Инфлацијата го јаде семејниот буџет, платите, но и самиот економски раст.

Ова е уште една потврда дека фалбите за некаков раст на БДП или дека сме биле 4 та економија во Европа нема никаква врска со реалноста, тоа е една голема лага.

Прво Мицкоски излажа за растот на БДП. Тој не е 3,4 проценти како што рече, туку 3 отсто.

Но, кога ќе се спореди со поголемата инфлација од 3,3%, значи не само што нема раст, туку е негативен.

Затоа и куповната моќ на македонските граѓани во споредба со целиот регион е најмала.

Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани имаат и земји во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53% и така натаму“, рече на прес-конференција потпретседателката на партијата Кристина Костова.

Таа рече дека наместо решенија и заштита на стандарот власта на ВМРО-ДПМНЕ реши да ги покачи платите ама само на функционерите. Но не и на работниците.

„Без трошка срам министерката за финансии тврди дека повисоки плати ќе предизвикале инфлација. Ова е врв на безобразие. Работниците не заслужуваат ваков однос, вакво понижување“, нагласи Костова.