СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ: Конгрес на „децата на Орбан“

„Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски е потврда на сè она што го говориме. Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС. Тој успешно го крие и го чува Никола Груевски, бегалецот од правдата кој украде милијарди евра и побегна, но сѐ уште ја управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина“, стои во реакцијата на СДСМ на вчерашниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, по кој унгарскиот претседател Виктор Орбан ја прогласи оваа партија за најуспешна во Европа.

„Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски е потврда на сè она што го говориме. Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС. Тој успешно го крие и го чува Никола Груевски, бегалецот од правдата кој украде милијарди евра и побегна, но сѐ уште ја управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина“, стои во реакцијата на СДСМ на вчерашниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, по кој унгарскиот претседател Виктор Орбан ја прогласи оваа партија за најуспешна во Европа.

„Бизниси, кредити, банки, оваа власт е директно поврзана со Орбан. Тоа е дел од вертикалата преку политичките партии, ФИДЕС на Орбан, СНС на Вучиќ во Србија и ДПМНЕ на Груевски и Мицкоски, која со години функционира на иста линија. Што е заедничко за оваа оска освен големи бизниси, преплетени интереси, моќ и влијание?

Големите протести во Унгарија и Србија против политиките што се водат ги поврзува токму корупцијата. Во соседна Србија протестите траат повеќе од една година, по падот на настрешницата во Нови Сад каде загинаа 16 луѓе, скандал кој се поврзува и со 115 милиони долари поради наместени тендери, само една капка во морето.

Во Унгарија пак изби огромен скандал со луксузен дворец поврзан со Орбан, со градини од палми, приватна зоолошка градина, зебри, фонтани, подземен гаражи и што ли уште не. Звучи познато нели? Масовни протести во Будимпешта се одржаа против него, а унгарските медиуми ги споредија со протестите во Србија против корупцијата.

Во Македонија истата приказна, корупцијата цвета. Секој ден излегуваат огромни скандали како власта пумпа пари од граѓаните преку наместени тендери. Значи се е јасно. Криминалците се штитат едни со други. Тоа го потврди Конгресот на ДПМНЕ. Работата не е завршена. Борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, пишува во соопштението на СДСМ.

И антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски. Според партијата, собирот бил „организиран од двоецот Мицкоски–Груевски“ и претставувал, како што велат, „конгрес на децата на Орбан“.

„Вчера дознавме две важни вести. Грција, Бугарија и Романија потпишаа Меморандум за коридорот Црно Море – Егејско Море или север-југ кој значи модернизацијата на стратешката инфраструктура за овој коридор, железнички, патни, пловни. Ова значи дека сите од ЕУ ќе ја заобиколуваат Македонија. Нема да има прилив на пари од транспорт низ земјава, помал прилив на пари од патарини, од точење бензин итн.

Втората вест е програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Што имаат заедничко двете вести? Македонија – црна точка. Овој знак е одамна речиси исчезнат во ЕУ, но на големи врати се враќа во Македонија. Тој означува место со висок ризик за граѓаните (возачите). Како кратка делница на патот кон ЕУ, која најчесто е изолирана, најмногу од Европската унија и демократскиот свет, а многу често и од сопствените граѓани! Поради криминал, корупција, сиромаштија…

Некои ова место често го нарекуваат и обиколница. Ова е само дел од програмата на ВМРО -ДПМНЕ „Македонија 2030“, претставена вчера на Конгресот во Кавадарци од стариот/новиот будимпештански шоферски тандем, зад воланот – Груевски/Мицкоски (како некогаш многу популарната серија „Камионџии“). Ова сигурно нема да им одговара на граѓаните на Македонија, но ќе биде добро за мигрантите –„сообраќајот“ да не ги вознемирува, стои во реакцијата на СДСМ.