СДСМ вчера на двојните избори заврши со историски најслаб резултат.
На парламентарните избори СДСМ во моментов со над 99% пребројани гласови, има само 18 мандати, односно Европскиот Фронт на ДУИ има повеќе од СДСМ.
СДСМ на парламентарните избори оваа година освои само 153.250 гласови, што е историски најмал број, и загуби речиси со тројна разлика од ВМРО-ДПМНЕ.
Во изминатите години, СДСМ никогаш немал под 200 илјади гласови, се до вчерашниот ден.
Пред тоа, како најслаб резултат имаше освоено Владо Бучковски во 2006 година кога освои 218.463 гласови, што е за 65.000 повеќе од вчерашниот резултат на оваа партија.
На претседателските избори пак, Стево Пендаровски има 250.541 глас, а разликата со неговиот противкандидат и идна мајка на нацијата, Гордана Силјановска-Давкова е повеќе од двојно, односно над 300.000 гласови.
Пендаровски во првиот круг го имаше најслабиот резултат на еден претседател кандидиран од страна на СДСМ, тогаш освои само 175.413 гласови.