Во продолжение го пренесуваме соопштението на центарот за комуникации со јавноста на СДСМ:
Во време на зенитот на режимот, ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници низ целата држава.
Одлуката пак за рудникот Иловица, беше донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година.
Истата година, општините Општина Босилово и Општина Ново Село во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, носат одлуки за отворање на рудник.
Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година.
Во тој период Мицкоски беше советник за енергетика на криминалецот во бегство, Никола Груевски.
Затоа, денес кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие.
Заради лошите и популистички одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години.
СДСМ од прв ден бил против тие рудници и кога ДПМНЕ и Груевски дадоа 86 концесии за рудници СДСМ беше силно против.