СДСМ: Делумното повлекување на блокадата не значи решение, ВМРО ДПМНЕ да го решат проблемот што го создадоа

Делумно повлекување на блокадата во главниот град не значи и решение за колапсот на јавниот превоз во Скопје кој го создаде неспособната ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го созададоа и да го ослободат и Скопје и државата од блокади и хаос, порача владејачкиот СДСМ преку соопштение.

„Градоначалничката, претседателот на Светот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Нека седнат и нека работат, да најдат решение за колапсот на сообраќајот во Скопје.Доста беше изживување врз граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

 

Дополнително,приватните превозници од утре ги повлекуваат блокадите.Блокадата решија да ја насочат само кон Град Скопје и ќе ја блокираат Илинденска.