СДСМ: Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски – ОЈО мора да постапи

„Јавното обвинителство не треба да чека, согласно своите надлежности трева да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски за овој скандал со незаконско поставување на директор на АНБ“ е ставот на СДСМ.

„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија. Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски“ соопштија денеска од СДСМ.

Од партијата велат „За случаите со двете директорки институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени“.

„Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски? Тошковски штити некој што прекршува закон? Или за него партиската припадност на Христовски е карт бланш дека не смее да биде гонет?“ прашуваат од опозициската партија.

Оттаму го повикаа министерот Тошковски „да почне да ја работи работата за која е платен од граѓаните“.

„Јавното обвинителство не треба да чека, согласно своите надлежности трева да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски за овој скандал со незаконско поставување на директор на АНБ“ е ставот на СДСМ.