СДСМ: Дали под бугарски диктат Сиљановска и министрите ги објавија сликите без знаме?

Секојдневно ДПМНЕ ги поткопува стабилните меѓународни позиции што ги изгради СДСМ. После посетата на Сиљановска и министрите на Мицкоски во Софија, сите граѓани без разлика на партиска припадност се понижени и засрамени, стои во соопштението на СДСМ објавено денеска.

„Вчерашната реакција на кабинетот на Сиљановска само потврдува дека Владата и претседателот на оваа држава ги лажат граѓаните. Како тоа биле тие измамени и непланирано се сликале на официјална фотографија? Како ако биле измамени да се фотографираат сите без македонското знаме, одма побрзаа да ги објават фотографиите на своите профили. Зошто објавиле фотографии ако целата ситуација била подметната?“, посочуваат од опозициската партија.

Од СДСМ истакнуваат дека „ДПМНЕ и Сиљановска ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните. Тие свесно се сликале, свесно објавиле и се пофалиле со скандалозната посета“.

„Со оваа посета на Софија, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и македонски идентитет. За прв пат еден македонски државник се сретнал со друг државник без никакви државни обележја и ова е скандал без преседан. Ова е навреда и омаловажување на државата и нејзините граѓани“, пишува во соопштението.