СДСМ: Гаши да каже што ќе прави сега со Даути

Според СДСМ симтоматично е што спикерот Гаши предвреме и го одзеде правното дејство на интерпелацијата за Даути говорејќи дека „нема обврска за нејзино разрешување“.

Социјалдемократите за „игрите“ со Законот за бранителите и интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, Илирие Даути, велат дека ги направил претседателот на Собранието Африм Гаши. Тие го повикуваат спикерот, веднаш да и соопшти на јавноста, „сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, да соопшти што ќе преземе и кои се неговите следни чекори“.

Според СДСМ симтоматично е што спикерот Гаши предвреме и го одзеде правното дејство на интерпелацијата за Даути говорејќи дека „нема обврска за нејзино разрешување“.

„СДСМ нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ. Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Даути е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши“, велат од СДСМ.

Даути: Изгласаната интерпелација значи мое разрешување