„На крајот на 2023 година ќе остане забележано дека Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо добро, ништо корисно, буквално ништо за граѓаните и државата.
Цела 2023 година ДПМНЕ и Мицкоски ја кочеа државата и ги блокираа законите во Собранието кои се од интерес на сите граѓани.
Дури и во Извештајот на ЕК јасно беше посочено дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на реформите, на напредокот и европскиот пат.
Иако имавме успешен скрининг, иако имаме огромна меѓународна поддршка и отворени врати во ЕУ, не продолжува со отворањето поглавја поради блокадата на европскиот пат од страна на ДПМНЕ и Мицкоски.
Тоа е истата партија којашто се противеше на членството во НАТО.
Бројни закони во интерес на граѓаните беа блокирани од страна на ДПМНЕ во македонското Собрание.
Блокадите и кочењата на европската иднина на државата ќе го доживеат финалниот пораз на изборите во годината што доаѓа“ соопштија денеска од владејачката СДСМ.