СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ освен за грабање на парите на граѓаните, не знае ништо друго

Секретарот на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски вчера призна дека имала потпишано договор за дело со општината каде е вработена.
За тој договор Стаменковска како давател на услуги добивала хонорар од исто место од каде добива плата, рече на прес конференција Берат Бесел, советник во советот на Општина Гази Баба.
По ваквото признание на ред се да постапат надлежните институции. Ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да постапи и да го истражи овој случај.
Ова, почитувани, е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека оваа партија освен за грабање на парите на граѓаните, не знае ништо друго.