СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

„Во Вардариште, секој ден гори канцерогено ѓубриште. Стотици илјади скопјани дишат отров, а Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски бесрамно молчат и ништо не преземаат. Чадот од депониите е директна закана за здравјето на граѓаните и потврда за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно ветување за депонијата Вардариште не е исполнето. Ниту едно ветување за Дрисла не е исполнето. Наместо современ центар за управување со отпад, Дрисла повторно станува црна точка и извор на загадување за целиот град“, посочуваат од партијата.

„Скопје денеска се соочува со закана од екоцид поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им ветуваа на скопјани решавање на проблемот со депониите. Што добивме после 4 години? Елементарна непогода му се случува на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„Во Вардариште, секој ден гори канцерогено ѓубриште. Стотици илјади скопјани дишат отров, а Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски бесрамно молчат и ништо не преземаат. Чадот од депониите е директна закана за здравјето на граѓаните и потврда за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно ветување за депонијата Вардариште не е исполнето. Ниту едно ветување за Дрисла не е исполнето. Наместо современ центар за управување со отпад, Дрисла повторно станува црна точка и извор на загадување за целиот град“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за негрижа и уништување на Скопје. Наместо решенија, тие му донесоа на градот еколошка катастрофа“.