СДСМ бара оставка од министерот Љутков

Опозициската СДСМ денеска преку писмено соопштение побара оставка од министерот за култура Зоран Љутков поради, како што велат, хаосот што го направил во културата.

Опозициската СДСМ денеска преку писмено соопштение побара оставка од министерот за култура Зоран Љутков поради, како што велат, хаосот што го направил во културата.

– СДСМ бара: оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата, повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство и итна исплата на мартовската плата за сите културни работници. Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава, посочуваат од опозициската партија.

Оттаму реагираат на, како што велат, катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Љутков, кој оставил над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија.

– Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство. Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира? Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?, велат од СДСМ.

Синдикатот на културата во петокот преку соопштение изрази незадоволство за неисплатените мартовски плати поради, како што наведоа, ненавременото усогласување со минималната плата согласно одредбите од Колективниот договор за култура и со Општиот колективен договор.

Оттаму за утре во 12 часот најавија протестен совет пред Министерството за култура.

Мал пожар избувнал денеска во Министерството за култура, според соопштението од оваа институција, и бил изгаснат веднаш од вработените со ПП апарат, а според протоколите за работа сите биле е

Од Министерството за култура и туризам информираа дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно Законот и Колективниот договор.

– Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, стои во соопштението од Министерството за култура и туризам.