СДСМ бара одговорност од Тошковски за убиствата и пукањата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нема капацитет да се справи со криминалот и да ја гарантира безбедноста на граѓаните, туку дозволува негово слободно ширење на улиците, па дури и во полициски станици, рече денеска на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

„Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена, Македонија гори од насилство, убиства по улиците, крминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип дополнително ја вознемири јавноста, дивеење како на филм за на крај да слушнеме за убиство на уште еден млад човек“, рече Кузевска.
Од СДСМ прашуваат како е возможно млад човек да поседува пиштол, чиј е автомобилот со кој бегал убиецот и пукал дури и на патарина.
„Кој го дозволил ова безредие, односно оваа анархија“, заклучи Кузевска барајќи одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.