„Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата за граѓаните и за Градот Скопје.
Прекинувањето на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој е нејзината прва штетна одлука.
Годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.
Во само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнавач кој не е компетентен за функцијата.
Арсовска одби финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје.
Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.
Наместо проекти, решавање на проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација на Градот и оправдувања за нејзиното неработење“ обвинуваат од владејачката СДСМ.