Доколку Мицкоски сака разговор за предлозите околу уставните измени нека одреди тимови.
Мицкоски го промени ставот и прифати уставни измени, прифати учество во заедничка широка Влада со СДСМ и прифати дека овој собраниски состав има мандат за уставни измени.
Овие приближувања се добра основа дијалогот за сите детали и предлози да продолжи со тимови односно работни групи. СДСМ за тоа е подготвена.
На потег е Мицкоски, во спротивно тој ќе биде причината за затворање на вратата за дијалог, важен за европската иднина на државата, велат од владејачката СДСМ.