Фудбалерите на ПСЖ синоќа славеа уште една шампионска титула на Франција. Парижаните во последниот натпревар сезонава беа поразени од Клермон со 3:2, но титулата беше обезбедена одамна, па овој пораз не боли воопшто.
Сепак, по овој натпревар се зборува за тоа што направија Лионел Меси и Нејмар, кои решија да не ја почитуваат публиката на крајот од мечот, која пред дуелот испрати свирежи на сметка на Аргентинецот.
По доделувањето на медалите, Меси се фотографираше со остатокот од тимот, а потоа заедно со Нејмар реши да го напушти теренот и да не ги почести навивачите со своето присуство.
Лео отиде во соблекувалната со Нејмар додека остатокот од тимот направи почесен круг за да ги поздрави навивачите. Со овој потег тие им покажаа што мислат за нив.
Lionel Messi y Neymar Jr se fueron al vestuario, mientras los jugadores del PSG dieron la vuelta olímpica en el Parc Des Princes. 😭💔 pic.twitter.com/TWo5q1Q5eY
— PSG 🇫🇷 (@PSG_Goleador) June 3, 2023
🇦🇷😳 SILBIDOS para Leo Messi en el Parque De Los principies.
Nunca estarán a la altura del más grande. pic.twitter.com/GewBhfZtU4
— Juego Ofensivo (@JuegoOfensivo) June 3, 2023