Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на полуостровот Алјаска, соопшти Геолошкиот институт на САД.
По земјотресот било издадено предупредување за цунами во некои области на американската сојузна држава.
Земјотресот бил на длабочина од 9,3 километри.
Центарот за земјотреси во Алјаска соопшти дека потресите биле почувствувани низ полуостровот Алјаска, Алеутските острови и регионите на Кук.
Засега нема информации за жртви или повредени.
#Tsunami#earthquake #Alaska
May god protect all!
This is heart breaking 💔 pic.twitter.com/yVnYzxpr9j— Taqi Datari (@DatariTaqi) July 16, 2023