Свидетелствата заминуваат во историјата – сѐ ќе биде електронски

Оваа промена нема да значи трошок за родителите, место на училиштата, како до сега, кога печатеа и издаваа свидетелства, затоа што за запишување во средно училиште или на факултет, системите се поврзани, па тие ќе можат да ги повлечат свидетелствата за конкретниот ученик и да имаат увид во неговиот успех.

Од в година, иако и годинава можело тоа да се направи, учениците од основното и средното образование, нема да имаат потреба од печатени свидетелства, туку тие ќе бидат во електронска форма.

Оваа промена нема да значи трошок за родителите, место на училиштата, како до сега, кога печатеа и издаваа свидетелства, затоа што за запишување во средно училиште или на факултет, системите се поврзани, па тие ќе можат да ги повлечат свидетелствата за конкретниот ученик и да имаат увид во неговиот успех.

„И во овој момент системот, односно е-дневникот овозможува печатење електронски свидетелства. На учениците од прво до деветто не им се потребни. Потребно им е свидетелството од деветто за да пристапат кон средното. Но, средните училишта ги бараат и останатите свидетелства. И годинава моќе тоа да го правиме, но ќе го правиме од следата година. Средното училиште, откако електронски ќе се пријават учениците, по електронски пат ќе си ги повлече сите свидетелства, за да го провери успехот или што било да им е потребно според нивните критериуми. Де факто, родителите и учениците немаат потреба од сведителство во раце. Освен да се пофалат“, вели министерката за образование Весна Јаневска.

Исто така и факултетите електронски можат да ги повлечат свидетелствата од средното образовани, при упис на нови студенти.

„Оние кои ќе сакаат да го продолжат своето образовение во странство, а јас се надевам дека сѐ помал број ќе имаме такви, треба да го имаат свидетелството од деветто, дипломата од четврти клас и да се запишат евентуално на некој странски факултет. И средното и факултетите можат да ги повлечат3, рече Јаневска.

Сепак, таа додава дека училиштето може да потроши 500 денари за еден топ хартија, за да им проложи некаков документ на учениците дека успешно ја завршиле учебната година.

Јаневска смета дека населението не ни е подготвено, односно постои одреден процент на дигитална неписменост во руралните средини, каде ако не им се даде свидетелство во раце, луѓето не знаат како се завршила учебната година.

Јаневска вели дека в година, се надева дека барем 80-90 отсто од свидетелствата ќе бидат само во дигитална форма.