Владимир Кецмановиќ, таткото на убиецот Коста кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ побарал во притворското одделение да дојде свештеник.
Барањето му било одобрено и пред неколку денови свештеник дошол во ќелијата и Владимир се исповедал три часа, дознава „Република.рс“.
Тој стварува дека може да му биде одземено родителското право не само за синот, туку и за ќерката, за која сега се грижи неговата сопруга.
Според српските закони, доколку на родителите им биде одземено родителското право, за децата се грижат како старатели некои од нивните роднини.