Свечља: На север е спречен терористички напад на Косово

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља ги презентираше деталите за автомобилската контрола во Звечан, каде е пронајдена нелегална муниција, пишува Газета Експрес, а пренесува KoSSev.

Свечља рече дека на север е спречен терористички напад на Косово, пишува KoSSev.

„Сериозната работа на косовската полиција и ОВК спречи терористички напад на Косово. Како што бевте информирани синоќа, на околу 100 метри од општина Звечан бил идентификуван автомобил со белградски регистарски таблички, каде има поголема количина оружје, експлозивни направи и разновидна муниција, меѓу кои минофрлачи, секири, автоматско оружје, шок бомби, униформи и откриена е воена торба“ – рече Свечља.

Според министерот за внатрешни работи, средствата запленети при претресот на тој автомобил биле „наменети за терористички напади“.

„Овие средства беа наменети за извршување терористички напади врз граѓаните и институциите на Косово. „Сето ова е уште еден доказ дека претседателот на Србија се обидува да ја дестабилизира нашата земја преку овие групи“, продолжи тој.

Според министерот, утврдено е дека се работи за возило на јавно претпријатие во Србија.

„Ова возило е идентификувано како сопственост на јавно државно претпријатие на Србија. Поточно акционерското друштво Железници на Србија“, рече тој.

„Врз основа на сето ова, повеќе од јасно е кој стои зад нападите во нашата земја. Во наредните денови ќе побарам од Владата на Косово да ги прогласи организациите „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ за терористички организации“ – напомена косовскиот министер за внатрешни.