Поголем број на новинари се убиени во мировните отколку во воените зони,поради нивните истраги за организиран криминал и корупција во последните 20 години на глобално ниво.
1 668 убиени новинари од 2003 до 2022 година во светот.Оваа бројка е податок објавен од организацијата Репортери без граниви (РСФ).
Според податоците,најопасни земји за новинарите се Ирак и Сирија.Во овие две земји зафатени од војна, во изминативе две децении убиени се 578 новинари што претставува една третина од вкупниот број.
Според полот, мажите претставуваат 95 отсто од убиените новинари.
Нјцрни години биле 2012 и 2013 година, со 142 загинати новинари.
Бројот на убиени новинари повторно почна да расте во 2022.Педесет и осум новинари беа убиени годинава додека ја извршуваа својата работа, во споредба со 51 во претходната 2021, како резултат на војната во Украина каде загинаа осум новинари.
Украина е и на второто место кога станува збор за најопасните земји за новинари во Европа.Пред неа е Русија, каде за 20 години беа убиени 25 новинари.
Трета во Европа е Турција, а по неа е Франција.