Светско клупско првенство: Манчестер сити и Интер елиминирани

Саудискиот вицешампион Ал-Хилал ја приреди најголемата сензација во досегашниот тек на Светското клупско првенство, совладувајќи го синоќа Манчестер Сити со 4-3 по продолженијата во осминафиналето.

Саудискиот вицешампион Ал-Хилал ја приреди најголемата сензација во досегашниот тек на Светското клупско првенство, совладувајќи го синоќа Манчестер Сити со 4-3 по продолженијата во осминафиналето.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 2:2, но во продолженијата Ал Хилал дојде до сензационална победа.

Стрелци за Сити беа Бернардо Силва (9′), Халанд (55′) и Фоден (109′), додека за тимот на Саудиска Арабија головите ги постигнаа Маркос Леонардо (46′ и 112′), Малком (52′) и Кулибали (94′).

Ал-Хилал во четвртфиналето ќе игра против Флуминенсе, кој претходно го елиминираше Интер,. Овој натпревар ќе се игра в петок со почеток во 21:00 часот.