На светските лидери им било кажано да се откажат од своите дипломатски возила утре и организирано да одат на погребот во Вестминстерската опатија.
Плановите предизвикаа загриженост за безбедноста меѓу дипломатите и официјалните лица.
Сепак, американскиот претседател Џо Бајден, кој обично патува во блиндиран „кадилак“ ќе биде меѓу ретките исклучоци кои сам ќе дојдат на погребот.
Погребот на британската кралица Елизабета Втора, на кој ќе присуствуваат 500 функционери, императори, кралеви, кралици, претседатели, премиери и други лидери од целиот свет, како и очекуваните стотици илјади граѓани кои ќе се соберат во центарот од Лондон, претставува „невиден безбедносен предизвик“, рече градоначалникот на Лондон – Садик Кан.
Тој додаде дека со децении немало толку многу светски лидери на едно место и дека се работи на различни нивоа за да се обезбеди државниот погреб да биде успешен колку што може.
Помошникот на полицискиот комесар на Лондон рече дека станува збор за „исклучително сложена“ полициска операција, најголема во историјата на лондонските полициски сили, поголема од Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Повеќе од 10.000 полицајци ќе бидат на должност денеска, а ќе бидат засилени од лондонските улични службеници, како и полицајци од сите 43 полициски сили во Британија. Ќе има и стотици доброволци и припадници на вооружените сили кои ќе ја обезбедуваат безбедноста по патеката на погребната поворка.
Ова е само видлив дел од мерките за безбедност, додека во понеделник ќе има полицајци на покривите, кучиња на улиците и припадници на поморските сили на Темза и полицајци на коњи.
Употребата на беспилотни летала над центарот на Лондон е привремено забранета, а аеродромот Хитроу ќе затвори десетици летови за да спречи бучавата од дронови да ја наруши погребната служба.
Полицијата постави повеќе од 36 километри ограда во центарот на Лондон за да ги контролира толпата, а ќе бидат засилени и услугите на метрото и возот.
Во центарот на Лондон се очекува да се соберат околу 1 милион луѓе.