Светскиот шампион Папу Гомез суспендиран поради позитивен допинг тест

Аргентинскиот фудбалер Папу Гомез е суспендиран на две години поради позитивен допинг тест, пренесува британски „Сан“.

Напаѓачот на Монца беше казнет поради позитивен тест во ноември минатата година додека беше играч на Севиља во Шпанија. Аргентинецот минатото лето пристигна во Монца како слободен играч.

Поранешниот напаѓач на Аталанта има 35 години, па оваа суспензија веројатно значи и крај на неговата кариера. Гомез им кажал на истражителите на УЕФА дека пиел детски сируп неколку дена пред тестот, без да се консултира со клубот, откако претходната ноќ ја поминал во кревет со настинка.

Севиља набрзо го отпушти, па дури во јануари можеше да најде нов клуб, но остана без ангажман до крајот на минатиот септември кога пристигна во Монца.

Гомез постигна 116 гола на 636 натпревари за Арсенал де Саранди, Сан Лоренцо, Катанија, Металист Харков, Аталанта и Севиља. За Аргентина забележа и 17 настапи, за која постигна три гола, а беше и репрезентативец кој стана светски шампион во Катар.

На Мундијалот во Катар играше на два натпревари против Саудиска Арабија (1:2) и Австралија (2:1).