Светскиот економски форум одлучи да ги замрзне односите со Русија
Светскиот економски форум (СЕФ), организаторот на бројни средби на бизнисмени, амбасадори, претседатели и премиери на држави од целиот свет, одлучи да ги замрзне сите односи со Русија поради нападот на земјата врз Украина, јавува „Анадолија“.
Од СЕФ соопштуваат дека е донесена одлука со која му се забранува на рускиот претседател Владимир Путин да учествува во сите активности на форумот.
„Нема да имаме односи со никого кој е санкциониран и ги замрзнавме односите со руските субјекти“ – рече портпаролката на СЕФ – Аманда Русо.
Путин и поранешниот руски премиер – Дмитриј Медведев петпати беа учесници на самитот на СЕФ од 2007. до 2021. година.