Русија го стопираше договорот за жито

Русија го стопираше договорот за жито чија цел беше да се спречи глобалната криза со глад, соопшти украинското Министерство за обнова. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш претходно ја истакна важноста на Црноморскиот договор, кој беше наменет за „најранливите луѓе на работ на гладување“.

Во саботата Русија објави дека се повлекува од договорот поради нападот на украинската армија врз нејзините бродови на Крим, каде што е укотвена руската морнарица. Ихор Корхови, заменик-министер за регионален развој на Украина, рече дека неколку украински пристаништа веќе биле оневозможени за извоз на жито дури и пред повлекувањето на Русија од договорот.

„Големите извозни пристаништа како Мариупол или Херсон се окупирани, а пристаништето во Миколаев не работи од безбедносни причини. Така, четири или пет пристаништа се надвор од употреба“, рече Корховиј во интервју за Хина.

„Тие пристаништа беа главен сообраќаен коридор за извоз на жито и челик, така што капацитетот на овие што ги имаме сега е недоволен“, изјави Корховиј.