„Јас сум е*ениот претседател. Одвезете ме до Капитол“. Со овие зборови поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се обратил на луѓето кои се нашле во службениот автомобил, на 6. јануари 2020 година, кога се случи крвавиот упад на граѓани во американскиот Конгрес во САД.
Ова во судот го сведочеше Касиди Хачинсон (25), екс-советничка на шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоуз, јавува „Би-Би-Си“.
Според нејзиното сведоштво, Трамп се обидел да го фати воланот на автомобилот и се борел со припадник на тајните служби.
Таа изјавила дека Трамп знаел дека неговите подржувачи ќе упаднат во Капитол Хил.
„Не ми е гајле дали имаат оружје. Тие не се тука да ме повредат. Пуштете ги моите луѓе да влезат (во Капитол). Можам да марширам од тука до Капитол“ – рекол Трамп, според сведочењето на Хачинсон.
Судењето на Трамп оди бавно, неговите поранешни високи функциониери одбиваат да сведочат.