Салаудин Арифи е новиот доминантен сопственик на кичевската мелница „Жито Караорман“, јави Телма телевизија.
За Арифи, покрај тоа што е сопственик на фирмата АС Сењак, било познато и дека му е сват на лидерот на ДУИ, Али Ахмети
Арифи минатата недела откупи повеќе од половина акции од „Жито Караорман“ а тоа беше објавено на Македонска берза. Според телевизијата, Арифи имал и финансиски релации со Тхор Индустри, фирмата на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети.
АС Сењак работи со нискоградба, има акции во Европа, а купила и голема бензинска пумпа во Кичево.
Практично, преку вчерашната трансакција извесен купувач се стекна со 50,67 отсто од акциите на кичевската компанија, купувајќи во еден наврат 5.600 акции, што е всушност 50,67 проценти од капиталот на компанијата.
Секоја акција се продаде по цена од 615 денари, односно вкупната трансакција изнесуваше 3,44 милиони денари, или изразено во евра тоа е рамно на 56 илјади евра.