Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на инсталацијата.
Извори блиски до кинеското претседателство со Советот за безбедност изјавија дека состанокот е закажан за 11 август во 15 часот по локално време. Други дипломатски извори наведуваат дека средбата на претставниците на 15-те земји членки на Советот за безбедност ќе се одржи утре попладне на барање на Русија. Русија има право на вето, како и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, а тоа се Кина, САД, Франција и Велика Британија.
Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа „Запорожје“ што од март е под руска контрола. Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) денеска ја обвини Русија дека го загрозува регионот околу Запорожје и побара атомската централа да биде вратена под ингеренции на украинските ласти.