Состанокот на Советот за безбедност на ОН за бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија започна вечерва во 20 часот по средноевропско време. По дискусијата на членовите на Советот за безбедност на ОН, дневниот ред на кој се расправаше за НАТО бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година, не беше усвоен, бидејќи не доби мнозинство гласови.
Претставникот на Франција во Советот за безбедност на ОН изјави дека Советот нема обврска да ја прифати точката на дневниот ред што ја презентира само една земја членка и затоа го отфрла барањето на Русија на денешната седница да се расправа за НАТО бомбардирањето на СР Југославија.
Тој додаде дека Советот смета дека ова прашање не претставува прашање на меѓународна безбедност и дека Советот нема време да се занимава со тоа.
Русија изјави дека прашањето за Косово е прашање на меѓународна безбедност, но претставникот на Франција истакна дека тоа е контрадикторно бидејќи Русија не сака да го вклучи Косово во оваа дискусија.
Францускиот претставник додаде дека Русија на овој начин сака да ја оправда својата агресија врз Украина.
По дискусијата беше ставен на гласање дневниот ред – три гласа за, нула против и 12 воздржани. Така, дневниот ред не беше усвоен, бидејќи не доби доволен број гласови, изјави претседавачот.