СБ на ОН ги укина санкциите против претседателот на Сирија

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа ги укинаа санкциите против привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал Шара, само неколку дена пред неговата посета на Белата куќа

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа ги укинаа санкциите против привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал Шара, само неколку дена пред неговата посета на Белата куќа.

Резолуцијата подготвена од САД беше усвоена со 14 гласови „за“ и еден „воздржан“. Санкциите се укинати и против сирискиот министер за внатрешни работи Анаса Хатаб. Против ал Шара и Хатаб беа воведена санкции поради нивна поврзаност со Исламска држава и Ал Каеда и им беа забранети патувања, им беше замрзнат имотот и имаа ембарго на оружје.

– Со усвојувањето на овој текст, СБ на ОН испраќа силна политичка порака признавајќи дека Сирија е во нова ера, наведе американскиот амбасадор Мајк Валц.

Кина гласаше „воздржана“, а кинескиот амбасадор, Фу Конг изрази загриженост за присуството на „странски терористички борци“ во Сирија способни да ја „искористат кревката безбедносна ситуација“.

Тој изрази жалење поради што СБ на ОН не ја процени целосно ситуацијата.

Ал Шара беше лидер на распуштената група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која го собори поранешниот сириски лидер Башар ал-Асад во декември 2024 година. Тој како лидер на ХТС беше на листата на санкции на ОН од 2013 година. ХТС претходно беше позната како Фронт Ал-Нусра, поранешен огранок на Ал-Каеда во Сирија, но ги прекина врските со џихадистичката група во 2016 година.

Ал Шара е првиот претседател на Сирија, кој ќе ја посети Белата куќа на 10 ноември.