Поранешнот шеф на УБК, Сашо Мијалков од денеска е слободен човек.
Тој денеска ја заврши и својата кариера како возач на комбе за потребите на затворот, а претстојниот празничен викенд исто така ќе може да го помине и надвор од границите на земјава.
По спогодба со обвинителството во случајот Империја, Мијалков доби три години затвор, а сега казната му е скратена за цели 11 месеци.
Законот овозможува „доброто поведение“ на осудениците, по истекот на половина од казната, да го скрати времетраењето доколку осуденикот тоа го побара.
Барањето за условен отпуст на Мијалков беше поднесено од директорот на струшкиот затвор Ваљон Ќура, додека пак Кривичниот суд го уважи предлогот и му ја намали за четири месеци. На ова решение Мијалков имаше право на жалба пред Апелација, кој пак дополнително му ја скрати казната за 7 месеци под услов Мијалков до 25 април наредната година да не стори кривично дело.