Сашо и Владимир Мијалкови одликувани со орден

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и неговиот брат, Владимир Мијалков, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија беа одликувани со орденот „Свети Николај“.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и неговиот брат, Владимир Мијалков, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија беа одликувани со орденот „Свети Николај“.

Наградата во неделата им ја додели Брегалничкиот митрополит Иларион за нивниот ктиторски придонес во изградбата на црквата „Свети великомаченик Димитриј“ во штипско Ново Село.

Црквата „Св. вмч. Димитриј“ и Света Архиерејска Литургија во Ново Село која беше осветена во неделата, е проект што браќата Мијалкови финансиски го поддржале во нивниот роден крај.

Ова е прво појавување на Сашо Мијалков во јавност по неговото ослободување од затвор. Тој е на „црната листа“ на САД и осуден за злоупотреби на службената положба.