
Сашко Кедев е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри
Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачи сите 14 врвови над 8000 метри и највисоките врвови на сите седум континенти.
Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8 080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги освои сите 14 врвови над 8 000 метри и највисоките врвови на сите седум континенти.
Тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“ денеска во 10:44 часот по локално време успешно се искачи на Гашербрум. Во тимот покрај Кедев, беа и Ванг Жонг од Кина и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.
Врвот Г1 на д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!, стои во објавата на „Имеџин Непал“.
-Врвот означува историска пресвртница за д-р Сашко Кедев, кој сега стана првиот алпинист од Македонија кој ги искачил сите 14 врвови високи 8 000 метри во светот. Г1, 11-тата највисока планина на Земјата, беше последниот предизвик на неговото патување низ највисоките врвови во светот. Д-р Сашко Кедев: Пионер во македонскиот алпинизам Достигнувањето на д-р Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот. Со Г1, тој сега ги искачил сите 14 осумилјадници: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II, а сега и Гашербрум I наведува „Имеџин Непал“.