Саудиска Арабија му нуди на Мурињо 120 милиони евра за двегодишен договор да им биде селектор

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија му нуди на тренерот на Рома, Жозе Мурињо, двегодишен договор во вредност од 120 милиони евра, објави римскиот весник „Кориере дело Спорт“.

Португалскиот стратег седна на клупата на Рома во 2021 година и со италијанскиот клуб лани го освои пехарот во Лигата на конференции, а договорот го врзува до 30 јуни 2024.

Весникот наведува дека саудиската Федерација сака Мурињо да го предводи националниот тим во квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија е без селектор откако Французинот Ерве Ренар неодамна поднесе оставка.