Саудиска Арабија и САД одржуваат заеднички воени вежби
Поморските сили на Саудиска Арабија и на САД пристигнаа во пристаништето Јанбу, на западот на оваа арапска земја.
Саудиска Арабија и САД ќе одржат заедничка воена вежба наречена „Мајчин бес 22“.
Вежбата, која ќе започне во среда или четврток, ќе трае неколку дена, а има за цел зајакнување на партнерството меѓу саудиските и американските сили, јави саудиската новинска агенција СПА.
Јанбу е големо комерцијално и бродско пристаниште на западниот брег на Саудиска Арабија и има поморска база.