Сарацин: Германскиот Парламент го признава македонскиот идентитет, јазик и историја

Мануел Сарацин се обрати од Преспа и вели дека Германија може да вети пријателство на нашата држава.

Во Германскиот Парламент за еден час ќе се гласа резолуција за улогата или зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ. Многу граѓани изразуваат страв дека ќе го изгубат јазикот, идентитетот и историјата. Ние не можеме да кажеме што треба да направат Бугарите, меѓутоа германскот Парламент може да ви вети пријателство и ви ветуваме дека германскиот Парламент го признава македонскиот идентитет, јазик и историја.

Ова го истакна вечерва специјалниот претставаник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин во обраќањето на официјална сесија за отворање на Третиот Преспа форум за дијалог која е со наслов „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.

-Дали е ова гаранција, дали Германија некогаш не го исполнила своето ветување? Ова е ветување дека ние ве поддржуваме и стоиме секогаш зад вас во вашите напори за зачленување. Северна Македонија е пример за оваа улога за почитување на различностите, на темелните европски вредности.Вечерва Германскиот Парламент ќе го потврди ова и ова е многу важно, порача Сарацин.