Сараево утрово меѓу градовите со најзагаден воздух во светот

Тешка магла утрово се надвисна над Сараево, како знак дека граѓаните на главниот град на Босна и Херцеговина влегуваат во период во кој тешко дишат.

Она што е видливо за око го потврдија и параметрите. Така утринава Сараево, кое, за жал, стана речиси традиционално во постудените месеци, се најде меѓу десетте градови со најзагаден воздух во светот.

На неславната листа Сараево беше осмо на листата во девет часот наутро.

Индискиот Делхи е прв на листата, потоа Багдад и пакистанските градови Лахоре и Карачи.

Во поголем дел од Босна и Херцеговина воздухот утрово е нездрав за чувствителните групи на население, меѓу кои Зеница, Илијаш, Лукавац, Високо и Тузла.

Во општина Хаџиќи воздухот е измерен и врз основа на индексот за квалитет 205 е окарактеризиран како многу нездрав.