Метрополата на БиХ – Сараево утринава е со најзагаден воздух во светот, ако се споредат главните и поголемите светски градови – покажуваат податоците на веб-страница „IQAir“.
Во 7 часот утринава во Сараево имало индекс на загаденост (AQI) од 287, далеку пред пакистански Лахоре (224), индиски Делхи (216), кинески Вухан (196) и индиска Калкута (174).
Меѓу 10-те најголеми или главни градови со најлош квалитет на воздухот во светот се и Загреб, шести со (173), Белград веднаш зад него (170), додека бугарскиот главен град – Софија е деветти со AQI индекс од 164.