Сараево, главниот град на БиХ според податоците на интернет страницата „IQ AirVisual“ денеска има загаденост на воздухот од 198, со што е четврти најзагаден градов во светот.
Прв на оваа неславна листа е Делхи во Индија со индекс на квалитет на воздухот 317, па Лахоре во Пакистан (287), а трета е Дака во Бангладеш, со индекс 208.
Сараевскиот Завод за јавно здравство нагласува дека во вакви ситуации се препорачува за сите категории на население да престанат со напрегања и рекреативни активности, особено наутро и навечер, кога загадувачите подолго се задржуваат во атмосферата. Доколку луѓето планираат да излезат надвор, се препорачува да се носи маска за лице со заштитни респираторни филтри.
Најзагрозени категории на население се бремените жени, старите лица и децата, како и лицата со респираторни и срцеви проблеми.