
Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
Мобилната единица на МВР вчера попладне, во 18:55 часот, на експресниот пат Штип - Радовиш, го пресретнала П.К. со специјално возило - пресретнувач и измерила брзина на движење на неговото патничко моторно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час.
Санкционирано е лице од Радовиш кое управувало возило со брзина од 178 километри на час надвор од населено место. Како што информира МВР, станува збор за П.К.(33) против кого се преземени соодветни мерки.
Мобилната единица на МВР вчера попладне, во 18:55 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, го пресретнала П.К. со специјално возило – пресретнувач и измерила брзина на движење на неговото патничко моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час.
-Сообраќајните контроли со специјалните возила – пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР нба својот фејсбук профил.